Post Detail

Компаниите во банкарството и осигурувањето денес се соочуваат со брзи промени – клиентите очекуваат поинтерактивно и персонализирано искуство, процесите се дигитализираат, а конкуренцијата станува сè поголема. Во таков контекст, традиционалните продажни методи повеќе не даваат посакувани резултати, па организациите бараат алатки кои овозможуваат подобра видливост на продажниот процес, ефикасно управување со тимовите и поддршка за донесување паметни деловни одлуки.

Следејќи ги овие светски трендови и специфичните потреби на продажните тимови, Infinite Solutions организира бесплатен настан на 29-ти април, на кој ќе демонстрираме како Microsoft Dynamics 365 CE може да го подобри вашиот продажен процес, да ја зголеми ефикасноста на тимот и да овозможи побрзи и поинтелигентни одлуки преку интегриран пристап кон сите податоци за клиентите.

Учесниците ќе имаат можност да видат реални сценарија и како алатката ги поедноставува продажните активности со само неколку клика. Преку приказ на алатката ќе прикажеме на кој начин компаниите постигнуваат значителни бенефити по одреден период на користење на решението, вклучувајќи подобра видливост на процесите, зголемување на продажбата и поголема ефикасност и продуктивност на тимовите.

Во текот на настанот ќе ги презентираме и бенефитите од вградената вештачка интелигенција (AI) и автоматизацијата, мултиканалната продажба, мотивациски модели за тимовите, како и практични препораки за успешна имплементација на CRM решението во компаниите.

 Агенда

12:00 – 12:20 | Продажба во ера на дигитализација

  • Зошто традиционалните продажни методи повеќе не обезбедуваат посакуван раст
  • Визија и стратегија за современо и напредно корисничко искуство

12:20 – 13:00 | 360 степени поглед на сите податоци за клиентот

  • Централизирана платформа за сите информации за клиентите
  • Ефикасно управување со продажните тимови
  • Детален преглед на перформанси на продажниот тим на индивидуално, тимско и организациско ниво

13:00 – 13:30 | Автоматизација на продажни процеси што создава вредност

  • Aпликацијата предлага најдобри следни чекори за активности кон клиентот
  • Автоматизирано следење на продажниот процес
  • Контролни табли за планирање и предвидување на продажбата

13:30 – 14:50 | Кратка пауза (Coffee Break)

14:50 – 14:30 | AI во продажба

  • Автоматско креирање резимеа од состаноци, е-пораки и follow-up активности
  • Паметно бодување на можности со фокус на најперспективните

14:30 – 15:00 | Мотивација и мултиканална продажба

  • Транспарентни бонус модели за мотивирање на тимот (cross-sell / up-sell)
  • Продажба на терен со мобилна апликација и интеграција со Microsoft алатки

15:00 – 15:30 | Практични искуства и бенефити од користење на CRM

  • Реални примери од имплементација во компании од финансиски сектор
  • Најчести специфични ситуации при воведување на нови решенија и како се надминуваат
  • Придобивки по одреден период на користење: подобра видливост, ефикасност и поддршка за донесување паметни одлуки

15:30 – 16:30 | Ручек и вмрежување

  • Разговори со експертите од Infinite Solutions
  • Практични насоки и препораки за успешна имплементација

 

Пријави се:

Name and Surname
By browsing this website, you agree to our privacy policy.
I Agree