Со воведувањето на системот е-Фактура од страна на Управата за јавни приходи (УЈП), Infinite Solutions нуди решение за интеграција на Microsoft Dynamics 365 Finance & Operations со системот е-Фактура на УЈП преку Infinite.eFaktura.
Решението овозможува автоматска размена на податоци меѓу ERP системот и УЈП, поврзувајќи ги процесите на издавање и прием на фактури со нивното електронско поднесување, преземање и обработка.
Како функционира интеграцијата?
Излезни фактури
Процесот започнува со креирање и книжење на продажната фактура во Microsoft Dynamics 365 Finance & Operations. Преку Infinite.eFaktura, потребните податоци автоматски се подготвуваат и испраќаат до УЈП, без потреба од нивно повторно рачно внесување во системот е-Фактура. По обработката на фактурата, од УЈП се добива повратен статус, кој овозможува следење на резултатот од поднесувањето во процесот на работа со D365 FO.
Влезни фактури
Infinite.eFaktura овозможува и преземање и обработка на влезните фактури регистрирани во системот на УЈП. Фактурите се достапни за преглед, прифаќање или одбивање, со можност за размена на податоците со деловниот систем.
На овој начин, решението ги поддржува двата текови на е-фактурирање — испраќањето на продажните фактури и приемот на фактурите од добавувачите.
Што опфаќа процесот?
Презентацијата во продолжение го прикажува процесот на е-фактурирање во D365 FO, вклучувајќи:
- Интеграција на D365 FO со системот е-Фактура на УЈП.
- Автоматска подготовка и испраќање на излезните фактури до УЈП.
- Преземање и обработка на влезните фактури од УЈП.
- Валидација и регистрација на фактурите од страна на УЈП.
- Добивање и следење на повратните статуси на фактурите.
- Препознавање и корекција на грешки при поднесувањето.
Интеграција без промена на постојниот ERP систем
Во презентацијата погоре е прикажан процесот на е-фактурирање преку интеграцијата на Infinite.eFaktura со Microsoft Dynamics 365 Finance & Operations. Но, не мора да користите Microsoft Dynamics 365 за да го дигитализирате процесот на е-фактурирање!
Со Infinite.eFaktura, можете да го поврзете вашиот постоечки ERP или сметководствен систем со системот е-Фактура на УЈП, без потреба од промена на постојниот систем или воспоставените деловни процеси.
Решението овозможува автоматска размена на податоци со УЈП, регистрација и следење на излезните фактури, како и прием, преглед и обработка на влезните фактури.
Вашиот постоечки систем останува. Процесот станува дигитален.
📩 Сакате да дознаете повеќе? Побарајте демо на info@infinite.com.mk
